Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
ПРОЦЕНКА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ КАПАЦИТЕТИ ВО ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЦРВЕН КРСТ СТРУМИЦА

2024-06-13

ПРОЦЕНКА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ КАПАЦИТЕТИ ВО ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЦРВЕН КРСТ СТРУМИЦА

Во периодот од 10-11.06.2024 година тимот од тројца обучени фасилитатори беа во посета во Општинската организација на Црвен крст Струмица каде ја спроведоа Проценката на организациски капацитети (ПОКОО). Тимот од ООЦК Струмица во мешовит состав од вработени лица, членови на раководната структура, волонтери и млади од организацијата броеше 12 членови. Заеднички водени од фасилитаторите успешно ги поминаа сите задачи и вежби од алатката ПОКОО развиена по методологија на  Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина. Тимот од ООЦК Струмица ја позиционираше моменталната состојба на организацијата, ги идентификуваше приоритетите за развој, креираше план со активности за периодот од следните 12 месеци и се стекна со сертификат за успешно спроведена Проценка на организациските капацитети на ООЦК Струмица.

Во текот на следниот период од 12 месеци по завршувањето на проценката ООЦК Струмица ќе го имплементира планот на активности во согласност со предвидената динамика. За сите реализирани активности и прогресот на имплементација на истите ќе известува до Централната канцеларија на ЦКРСМ преку периодични извештаи.

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025