Red Cross Shape
Работилница со секретари и претставници на ООЦК за иплементација на Пантеон софтвер

2025-07-18

Работилница со секретари и претставници на ООЦК за иплементација на Пантеон софтвер

Во рамки на проектот Унифициран финансиски систем, поддржан од Фондот за развој на Меѓународната Федерација на ЦК и ЦП, Црвениот крст на РСМ во период од 14-16 јули 2025 во Солферино, Струга, се одржа Работилница за аспектите на финансиското работење на ЦКРСМ и имплементација на Пантеон – деловен информациски систем. Целта на работилницатабеше да се претстави досегашната имплеметација на Пантеон во општинските организации на ЦК и предизвиците од имплементацијата.

На работилницата  учествуваа вкупно 39 претставници од 29 ООЦК, секретари и лица кои се задожени за имплеметација на софтверот. Работилницата јамодерираа претставници на Службата за финансии и ревизија на Црвен крст на РСМ, кои се одговорни за имплементацијата на Пантеон и се поддршка на ООЦКво делот на сметководственото и финансиско работење.

Целта на работилницата беше да се претстави анализата на финансиските податоци од базата на Пантеон и да се поддржат ООЦК во правилното внесување на финансиските податоци во Пантеон и усогласување на конта, плата, влезни и излезни фактури и благајната.

На работилницата беа претставени повеќе формати и прегледи на финансиски извештаи, генерирани во Пантеон, кои ќе можат ООЦК да ги користат во своето тековно работење.

Претставниците на општинските организации беа информирани за следните чекори и планови предвидени за спроведување на софтверот, кои опфаќаат нивна понатамошна обука и техничка поддршка за имплементација на системот.

За понатамошна поддршка за ЕФСР софтверот како и негова примена во работата, претставниците на општинските организации беа информирани дека и понатаму ќе добијата целосна поддршка од претставниците на компанијата Даталаб и од страна на стручната служба на Црвен крст на РСМ.

Други вести

Хуманитарна помош за Блага Милошевиќ
Помош и поддршка за настраданото население предизвикано од поплавите во Кичево, Гостивар и Скопје
Волонтерите на Црвениот крст на терен во општина Сарај

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom