Red Cross Shape
Работилница за унапредување на крводарителството со ООЦК

2025-11-27

Работилница за унапредување на крводарителството со ООЦК

Во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија, од 24 до 26 ноември, во Тренинг центарот Солферино, 8 Општински организации на Црвениот крст,  учествуваа на работилница која имаше за цел унапредување на крводарителството во своите средини.

На работилницата претставниците на Општинските организации имаа можност да направат увид и анализа на реализацијата на крводарителството во својата општинска организација, дефинирање на предизвиците и целите за идната година,  идентификување на можностите и ресусите кои ги нуди средината, како и идентификација на можностите за развивање на потенцијални средини за дарување на крв.

На работилницата посебен акцент беше ставен на мотивацијата на дарителите и промоција на крводарителството како најхуман чин, кој спасува човечки живот.

Други вести

Академија на млади на ЦКРСМ – од идеи до иницијативи!
„СИТЕ СМЕ НИВНИ ДЕЦА“ – ЦРВЕНИОТ КРСТ ЈА ОДБЕЛЕЖУВА НЕДЕЛАТА НА ГРИЖА ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА
НЕ МОРА СÈ ДА НОСИТЕ САМИ – ЦРВЕНИОТ КРСТ ВОВЕДУВА НОВА УСЛУГА ЗА ПСИХОЛОШКО СОВЕТУВАЊЕ

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom