Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Работилница со дисеминатори за МХП

2024-12-01

Работилница со дисеминатори за МХП

Во периодот од 29.11-01.12.2024 година во тренинг центарот „Солферино“ во Струга се реализираше обука за дисеминатори по меѓународно хуманитарно право која ја следеа учесници од централната канцеларија и општинските организации на Црвениот крст.

Обуката се одржа во рамките на годишната програма за дисеминација поддржана од страна на Меѓународниот комитет на Црвен крст.

Целта на обуката беше да се зајакнат капацитетите на ООЦК во полето на дисеминацијата за меѓународно хуманитарно право односно за промовирање на меѓународните норми пропишани во Женевските и Хашките конвенции, специфичната заштитна улога на амблемот на Црвен крст со начините на употреба, дополнителните протоколи на Женевските конвенции и други акти од меѓународното право.

Посебен фокус за време на работилницата беше даден на заштита на културните обележја и знаменитости, злоупотребата на деца војници, заштита на медиумите и злоупотреба на здравствени објекти.

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025