
2025-08-21
Работна посета на делегација од Меѓународниот комитет на Црвениот крст
Денес, во Црвениот крст на Република Северна Македонија, беше остварена работна посета од страна на делегација на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК).
Делегацијата беше пречекана од Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Саит Саити. Во рамки на средбата се разговараше за тековната соработка, заедничките активности на терен, како и за унапредување на идните стратешки приоритети во хуманитарната сфера.
Средбата претставува потврда за континуираната заложба за градење силни партнерства и справување со хуманитарни предизвици.
