Red Cross Shape
Работна посета на претставник од Австрискиот Црвен крст

2026-02-10

Работна посета на претставник од Австрискиот Црвен крст

Во периодот од 11 до 13 февруари 2026 година, претставникот на Австрискиот Црвен крст, г-дин Christian Diemt, е во работна посета на Црвениот крст на Република Северна Македонија. Посетата е насочена кон унапредување на соработката меѓу двете организации преку размена на искуства, следење на реализираните активности и планирање на идни заеднички чекори.

Денес беше остварена средба со генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, д-р Саит Саити. На средбата се разговараше за актуелните состојби и приоритетите во работењето на организацијата, како и за можностите за понатамошна соработка и развој на заеднички иницијативи.

Во рамки на посетата, предвидени се средби со стручната служба и волонтерите на Црвениот крст, со цел да се идентификуваат области за заеднички активности и да се унапредат капацитетите и услугите кои се обезбедуваат за граѓаните.

Други вести

Обука на психолози за ПТСР: Процена, стабилизација и упатување во институционален контекст
Среќен 8 Март!
Недела на борба против ракот

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom