Red Cross Shape
Регионална обука за управување со ризици

2025-06-30

Регионална обука за управување со ризици

Од 25 до 26 јуни 2025 година, во Тирана, Албанија, се одржа регионална обука и работилница за управување со ризици. Настанот беше организиран од страна на Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина, со поддршка и фасилитација од Турската Црвена полумесечина.На истата учество зема претставници од Црвен крст на Република Северна Македонија

Целта на обуката беше зајакнување на капацитетите на вработените и активистите од седум национални друштва на Црвениот крст од регионот, меѓу кои и Црвениот крст на Република Северна Македонија, кој беше претставен од двајца свои претставници.

Во текот на обуката, учесниците работеа на различни аспекти поврзани со управување со ризици, вклучувајќи: развој на стратегии, циклус на управување со ризици, идентификација и одговор на ризици, изработка на планови за дејствување, како и активности за застапување во рамките на националните друштва.

Други вести

Гостување на свечено одбележување на Јубилеј – 150 години од основањето на Црвен крст на Србија
Обука за ПХВ дисеминатори ПХВ циклус 2026 година
Реализирани крводарувања во 2025 година

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom