Red Cross Shape
Седница на Собрание на Црвен крст на Република Македонија

2017-03-01

Седница на Собрание на Црвен крст на Република Македонија

На ден 01.03.2017 година, во Домот на хуманитарни организации: “Даре Џамбаз“ во Скопје, Собранието на Црвен крст на Република Македонија ја оддржа својата единаесетта редовна седница, на која како единствена точка се разгледуваше донесувањето на новиот Статут на Црвениот крст на Република Македонија

Пред да се развие дискусија за овој значаен и највисок акт на Организацијата, Претседателот на Црвениот крст на Република Македонија, Д-р Милчо Трајков истакна дека новите хуманитарни предизвици кои бараат навремен одговор со хуманитарни активности, наметнуваат потреба од дополнително дејствување за што е потребно изнаоѓање нови форми за справување со истите, а пред се со ранливоста на специфични целни групи.Црвениот крст на Република Македонија во својата хуманитарна мисија мора постојано да ги надградува  човечките и обезбедува материјални ресурси за справување со овие предизвици. Поради тоа, се појави потреба од донесување на нов Статут на Црвениот крст на Република Македонија, како и потреба од усогласување на Статутите на Општинските организации веднаш по усвојувањето на Статутот на Црвениот крст на Република Македонија.

Претседателот на Црвениот крст на Република Македонија, Д-р Милчо Трајков, јавно се заблагодари на Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, г-дин Саит Саити за десетгодишната неуморна посветеност и пожртвуваност во работењето и функционирањето на Националното друштво. Тој исто така изрази голема благодарност кон работната група која речиси 10 месеци работеше на изготвувањето на овој документ.

Присутните членови на Собранието, со јавно гласање, едногласно го донесоа Статутот на Црвениот крст на Република Македонија.

Други вести

Гостување на свечено одбележување на Јубилеј – 150 години од основањето на Црвен крст на Србија
Обука за ПХВ дисеминатори ПХВ циклус 2026 година
Реализирани крводарувања во 2025 година

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom