Support facility to mitigate Covid-19 economic and psychological consequences for vulnerable categories of citizens – финансиран од Business & Strategies in Europe
Црвениот Крст на Република Северна Македонија, во октомври 2020, започна нова 6-месечна проектна соработка со компанијата Business & Strategies Europe.
Проектот има за цел ублажување и надминување на економските и психолошки последици, како резултат на КОВИД19 пандемијата во нашата држава, преку активности кои овозможуваат помош и поддршка на ранливите групи на население.
Со проектот е предвидено зајакнување на вештините и знаењето на ранливите категории на граѓани, како дел од неформалната економија во обезбедувањето на лична асистенција на постарата популација и лицата со посебни потреби.
15 обучени и сертифицирани негуватели за нега и грижа на стари лица во домашни услови, истовремено ќе добијат и поддршка за полесно интегрирање на пазарот на труд преку промоција на нивните способности пред потенцијални работодавци (Сопственици на старски домови).
Во рамките на истиот проект 39 волонтери ги зајакнаа своите капацитети и знаења од областа на Психо-социјална помош и поддршка и Прва Психолошка помош на населението во кризни состаојби и миродобски услови. Обучените волонтери ќе бидат дел од новиот Национален тим за пружање на Прва Психолошка помош и Психо-социјална помош и поддршка. Ќе бидат селектирани 12 најдобри волонтери кои ќе имаат улога на дисеминатори и ќе го пренесуваат знаењето меѓу волонтерите на национално ниво.