СВЕЧЕНО ОТВОРЕН НОВИОТ ОБЈЕКТ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ KOЧАНИ
Во присуство на генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ, Саит Саити, на градоначалникот на Општина Зрновци, Борчо Коцев, на секретарот на општина Кочани Драган Ананијев, на претседателот на Општинската организација на Црвен крст Кочани, Дејан Арсов, на секретарот на Општинската организација на Црвен крст Кочани, Анета Коцева како и други гости на 04.11.2024 година на свечен начин беа дадени во употреба новите простории на Општинската организација на Црвен крст Кочани.
При отворањето, генералниот секретарот на Црвениот крст на РСМ, Саит Саити, во своето обраќање пред присутните потенцираше дека Кочани добива нов објект, и свое поле за работа ќе најдат сите кои мислат на хуманоста и волонтерската работа.