Red Cross Shape
Светски ден на прва помош, 12 септември 2026

2026-09-12

Светски ден на прва помош, 12 септември 2026

На 12 септември 2026 година, Црвениот крст на Република Северна Македонија ќе го одбележи Светскиот ден на првата помош под мотото „Прва помош и миграции“. Светскиот ден на првата помош се одбележува секоја година во втората сабота во септември, почнувајќи од 2003 година. Неговата цел е да ги потсети луѓето дека првата помош е витална вештина, достапна за секого и неопходна за спасување животи ширум светот. Познавањето на основните техники за прва помош помага да се намалат страдањето и сериозноста на повредите, ја подобрува подготвеноста за справување со катастрофи и овозможува поефикасно реагирање во итни ситуации.

Патувањата поврзани со миграцијата често ги изложуваат луѓето на опасни рути, несигурни услови за живот и значителни пречки во пристапот до здравствена заштита и основни здравствени услуги. Без разлика дали се во транзит или не, лицата во движење се соочуваат со зголемен ризик од дехидратација, хипотермија, трауматски повреди, психолошка вознемиреност и страдање.

По повод овој ден, општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје ќе реализираат активности насочени кон подигнување на јавната свест и едукација. Ќе бидат организирани јавни настани со демонстрации на техники за укажување прва помош, работилници кои ја поврзуваат темата на првата помош со климатските промени, соработки со образовни институции и локални центри, споделување на информативни материјали и постери, како и кратки јавни обуки по прва помош.

Други вести

ЗАЈАКНАТО ПАРТНЕРСТВОТО МЕЃУ ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РСМ И ТУРСКАТА ЦРВЕНА ПОЛУМЕСЕЧИНА
ГРАДИМЕ САМОДОВЕРБА, ПОТТИКНУВАМЕ МОТИВАЦИЈА
ПАРТНЕРСТВО, ИСКУСТВО И ЗАЕДНИЧКА ВИЗИЈА

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom