Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Светски самит за промени Балкан – Скопје, Северна Македонија

2024-10-02

Светски самит за промени Балкан – Скопје, Северна Македонија

Најава на Светскиот Самит за Промени Балкан: Хармонија во развој: Совладување на сегашноста за посветла иднина.

Под покровителство на Република Северна Македонија, Канцеларијата на Заменик Премиерот, Министерството за здравство и Министерството за животна средина, Институтот за напредни студии и соработка, во соработка со Лондонскиот интеркултурен центар, го објавуваат првиот “Светски самит за промени Балкан” кој ќе се одржи во живописниот град Скопје, Северна Македонија, на 12-13 октомври 2024 година. На самитот ќе присуствуваат лидери со визија, иноватори и експерти од Балканскиот регион и пошироко, нудејќи уникатна платформа за истражување во доменот на етиката и иновациите.

Светскиот самит за промени Балкан ќе се фокусира на напредокот на сегашните практики и поттикнување на соработка во клучни области како што се вештачката интелигенција, регенеративната медицина, одржливо земјоделие и етичка технологија. Со истакнување на иновативни истражувања и промовирање на интердисциплинарен дијалог, самитот има за цел да инспирира применливи решенија и да поттикне иднина каде иновациите предизвикуваат позитивни промени за секого.

Оваа средба ќе биде основа за мислители и донесувачи на одлуки посветени на интеграција на етички размислувања во технолошките и научни напредоци. Учесниците ќе имаат можност да се вклучат во важни дискусии, да истражуваат напредни развојни решенија и во градење на мрежи во различни сфери и дисциплини. Придружете ни се на Светскиот самит за промени Балкан обединети во обликување на иднина во која етичкиот напредок и одржливоста се во центарот на нашата заедничка визија. Заедно, ќе ги поставиме насоките за посветла иднина, водени од споделени вредности и иновативни решенија.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025