Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Работна средба со директорите на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување

2022-04-21

Работна средба со директорите на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување

На 20.04.2022 година во просториите на Центарот за подготвеност и одговор при катастрофи на ЦКРСМ се одржа работна средба на Генералниот секретар на Црвен крст на РСМ д-р Саит Саити и претставници од стручната служба, со директорот Стојанче Ангелов и одговорните лица за координација на програмите на Центарот за управување со кризи, и директорот д-р Беким Максути и одговорните лица за координација на програмите на Дирекцијата за заштита и спасување. Средбата се одржа со цел претставување на подготовките на процесот „Трансформација 28“ и дефинирање на областите во процесот кои треба да одговараат на локалните потреби и можности, а имајќи ја во предвид помошната улога на Црвениот крст на РСМ кон властите во државата и досегашните позитивни практики и соработки со државните институции. Од страна на директорите на ЦУК и ДЗС во дискусиите се претставуваа гледишта кон улогата на Црвениот крст на РСМ во единствениот систем во државата за одговор при катастрофи и нивните стратешки планови за наредните години со акцент на полињата каде ја гледаат соработката со Црвениот крст. По подготовката на нацрт документот за „Трансформација 28“ истиот ќе биде споделен со институциите и ќе има повторна консултација за одредените области, со цел развивање на конкретни, релевантни, координирани и квалитетни пристапи во трансформацијата.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025