Учество на 5-от Самит на менувачи на светот
Самитот за етика и иновации на Менувачи на светот се одржа во Папскиот Универзитет во Ватикан на 26ти ноември 2024 година на кој учество земаа повеќе од 70 лидери од различни организации, компании и институции во светот. Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ д-р Саит Саити учествуваше на панел дискусија на тема Етика, вера и социјална визија, двигатели на еволуцијата и развојот, каде ги истакна специфичните вредности кои Црвениот крст ги промовира во секојдневната работа и постојаното придржување кон етичките норми ви општеството. Самит претставува исклучителна можност за поврзување на хуманитарната работа со актуелните трендови во развојот на технологијата и социјалната визија која ја негуваат организациите од различна природа на дејствување. На настанот беше доделено и признание Златен знак на Црвениот крст на Michael Shanly основач и Претседател на Shanly Group, организација чии донации овозможија поддршка и изградба на живеалишта на илјадници ранливи лица. Во рамките на дискусиите со организаторите на настанот “Институтот за напредни студии и соработка” се разговараше и за можноста да Црвениот крст на РСМ биде домаќин на следниот Самит во 2025 година како дел од програмата за одбележување на 80 годишнината од основањето на националното друштво.