октомври 1, 2024

Учество на обука за психо-социјална поддршка на заедницата во Тирана, Албанија

Црвениот крст на Република Северна Македонија учествуваше на интерактивна обука за ментално здравје и психо-социјална поддршка заснована на заедницата, која се оддржа од 16 до 20 септември 2024 година во Тирана, Албанија. Црвениот крст на Северна Македонија учествуваше на обуката со 2 волонтери и 1 ко-фасилитатор, психолог од Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка. Истата беше организирана од страна на Делегацијата на Кластерот на IFRC за Централна и Југоисточна Европа, во соработка со Албанскиот Црвен крст и Референтниот центар за психосоцијална поддршка на IFRC.

Обуката беше фокусирана на градење на капацитетите на Албанскиот Црвен крст и волонтеритете на другите национални друштва, ангажирани во психосоцијални активности засновани на заедницата. Обуката им овозможи на учесниците да ги подобрат своите вештини во дизајнирањето и спроведувањето активности за психо-социјална поддршка засновани во заедницата, истата се базира на тековното зајакнување на капацитетите во рамките на програмите за ментално здравје.

Со цел понатамошно унапредување на капацитетот на програмата за ментално здравје и размена на искуства и добри практики, Црвениот крст на Северна Македонија, Албанскиот Црвен крст, Хрватскиот Црвен крст и Црвениот крст на Србија разменија знаење и практики, исто така дополнително ги развија вештините за да се имплементираат активности за ментално здравје, засновани на потреби и квалитетни заедници, приспособени на тековните потреби на ранливите луѓе. Понатаму, обуката за CBMHPSS им овозможи на националните друштва дополнително да го надградат квалитетот на услугите за погодените луѓе. Обуката ги опфати следните клучни теми:

  • Кризни настани и психосоцијална поддршка
  • Стрес и справување
  • Загуба и тага
  • Психосоцијална поддршка со ранливи групи
  • Активности за психосоцијална поддршка засновани на заедницата
  • Психолошка прва помош со млади врсници и со постари врсници
  • Принципи на учење на возрасни, системи за поддршка од врсници и безбедна повратна информација
  • Свесност за потребата и важноста на грижата за себе кога им се помага на другите.

< врати се назад