
2020-03-30
Оперативен центар на Црвен Крст на Република Северна Македонија
Оперативниот центар за одговор при катастрофи на Црвен крст на РСМ кој се наоѓа во Момин Поток континуирано, на дневна основа (24/7) ја следи и анализира состојбата поврзана со COVID19, одржува комуникација и координација со државните институции и организации вклучени во системот за управување со кризи, ги координира активностите на ООЦК/ЦКГС а воедно и континуирано комуницира и се координира со Регионалната канцеларија на МФЦК/ЦП во Будимпешта како и Националните Друштва на Црвен крст во регионот.