октомври 1, 2021

Во сеќавање на г-дин. Илија Цветаноски


Notice: Undefined variable: sharify_buttons in /home/ckrm/public_html/wp-content/plugins/sharify/sharify.php on line 333

Почитувани членови на семејството, пријатели и волонтери,

Со голема тага ја примивме веста дека не напушти една од личностите која даде посебен придонес во развојот на нашата организација.  г.дин Илија Цветаноски одбележа еден посебен период во работата на Црвениот крст на Република Северна Македонија. Од својата најрана возраст па се до крајот на својот живот  почитуваниот Илија Цветаноски пред се неуморно се залагаше и волонтерски придонесуваше за развојот на Општинската организација на Црвен крст Прилеп, а долги години беше претседател на една од нашите најуспешни организации – Општинската Организација на Црвениот крст Прилеп. 

Успехот и залагањето, иновативноста и креативноста набргу го промовираа на г.дин. Цветаноски како еден од нашите лидери во организацијата и во периодот од 1996 до 2001 почитуваниот Цветаноски е претседател на нашето национално друштво а потоа и работи како генерален секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија од 2001 до 2004 година.  

Во текот на своето работење како претседател и генерален секретар на Црвениот крст на РСМ секогаш беше пример за човек кој неуморно се посветуваше на развојот на нашата организација и беше пример за многу наши генерации на волонтери како се сака и помага Црвениот крст во интерес на луѓето кои ги опслужуваме.

Денеска е тажен ден. Се збогуваме со голем волонтер и пријател кој го посвети речиси целиот свој живот на хуманизмот и хуманитарната работа. На сите нас во Црвениот крст ни беше голема чест и задоволство што имавме можност заедно да соработуваме со г.динот Илија Цветаноски.   

Почивај во мир.

Нека ти е вечна слава!

Со почит,
Генерален секретар на ЦКРСМ
д-р Саит Саити

 

 

< врати се назад