Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag

2019-02-25

Задоволство ни е да објавиме дека по деветти пат @Комерцијална банка АД Скопје ја продолжува финансиската поддршка како Генерален покровител на проектот „Подобра социјализација на децата и младите со посебни потреби“ на Црвениот крст на Република Македонија.

Со оваа поддршка ќе им овозможиме на децата и младинците со посебни потреби да ги остварат своите потенцијали, да го развиваат креативниот капацитет и целосно да се интегрираат во општеството.

Изразуваме голема благодарност на Комерцијална банка АД Скопје, за досегашната плодна соработка и поддршка, како и за довербата кон Црвениот крст на Република Македонија како партнер во спроведување на социјално корисни општествени иницијативи.