Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
14 години посветеност на големиот хуманист Тоше Проески

2018-01-25

14 години посветеност на големиот хуманист Тоше Проески

Денес на 25 јануари  2018 година, во холот на Дом на АРМ во периодот од 09:00-17:00 часот, по четиринаесетти пат ќе биде организирана голема крводарителска акција посветена на големиот хуманист Тоше Проески во знак на одбележување на неговиот роденден.

Организатори на крводарителската акција се Црвен крст на Република Македонија – Црвениот крст на град Скопје, Општинска организација Гази Баба, Институтот за Трансфузиона медицина, Тоше фанови РМ и Фондација Тоше Проески. Поддршка на акцијата ќе дадат членовите на Клуб 25-клуб на млади крводарители и мотиватори.

До сега, на овие 14 акции, својата хуманост преку чинот на дарување крв ја покажале околу 4 000 крводарители.