август 19, 2020

18 август, Денот на Армијата

Од името на Црвениот крст на Република Северна Македонија дозволете ми на сите припадници на Армијата на Република Северна Македонија да го честитаме 18 август, Денот на Армијата.

Армијата на Република Северна Македонија како и Црвениот крст на Република Северна Македонија неуморно им служи и се грижи за граѓаните на нашата држава, обезбедувајќи секојдневната заштита, безбедност и сигурност. Напорите на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија, рамноправен член на НАТО во заштитата на демократијата и безбедноста, даваат посебен придонес кон добросостојбата и напредокот на Република Северна Македонија и нашето општество.

Во моментите кога државата се соочува со кризни ситуации и итни состојби како што е сега пандемијата со Ковид-19 припадниците на Армијата ја оправдаа довербата и секогаш се на висината на задачите извршувајќи ги професионално и одговорно сите задачи за заштита на здравјето и животот на нашите граѓани.

Нашите две институции многупати тесно соработуваа и биле заедно работејќи на надминување на последици од различни предизвици поврзани со обезбедување на помош и поддршка на погодени целни групи во државата. Искрено се надеваме дека нашата плодна соработка ќе продолжи и во иднина во интерес на добросостојбата на граѓаните на Република Северна Македонија.

Нека е честит празникот, Денот на Армијата на Република Северна Македонија, 18 август!

< врати се назад