#5CKA-PHV ‘Комуникација и јавно говорење”
На 18 февруари се одржа петтата ЦКА-ПХВ онлајн работилница со наслов „ Комуникација и јавно говорење “. Истата беше реализирана од ПХВ инструкторот Катерина Гиевска.
Таа на учесниците им ги презентираше начините на кој може да станат подобри оратори и мотиватори.
Учествуваа 150 учесници, волонтери од различни ООЦК. Од присутните кои ја пополнија анкета преку која ја евалуира работилницата, 94% се изјаснија дека работилницата е многу корисна, 87% се изјаснија дека работилницата е многу интерактивна, 86% сметаат дека работилницата е многу интересна.
Сите учесници би ја препорачале работилницата на своите врсници. Некои од коментарите се: „Добив информации подобри од очекуваното!“, “Сугестии и критики немам, само продолжете со вакво темпо одлични сте “, “Прекрасно, научив повеќе за тоа како јавно да говорам и што всушност претставува комуникацијата која прераснува во јавно говорење “
Продолжуваме заедно!