7-ми април – Светскиот ден на здравјето
Црвен крст на Република Македонија по повод 7-ми април – Светскиот ден на здравјето, на 06 април 2017 година во просториите на Собранието на Општина Кавадарци спроведе голема акција со граѓанството од Кавадарци и Росоман за бесплатно мерење на нивото на шеќерот во крвта. На оваа акција се одѕваа околу 170 граѓани од средна и поодмината возраст и притоа од анализата беа констатирани резултати на високо ниво на шеќерот во крвта на околу 1/3 од лицата на кои им беше направена контрола.
Акцијата беше подржана од Црвен крст на Република Македонија, компанијата Алијанс Уан и Клиниката за ендокринологија од Скопје со присуство и водење на акцијата од страна на Д-р спец. Ендокринолог Катерина Адамова. Големо беше задоволството од страна на Градоначалникот и вработените во ЛС Кавадарци кои и самите се вклучија во акцијата за нејзина организациска поддршка и нивно пријавување за контрола на нивото на шеќер во крвта. Исто така за спроведувањето на оваа акција задоволство и благодарност изразија и граѓаните бидејќи превентивните мерки од областа на здравството се добробит за индивидуата, за семејството, но и за целата заедница. Изјава за регионалните КТВ и К1 медиуми даде Д-р Адамова при што за чување на здравјето ги потенцираше физичката, психичката и социјалната благосостојба на луѓето, односно редовните контроли, почитувањето на советите од стручните лица, правилната и здрава исхрана, движењето и спортските активности.