Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Креирање на можности за нови вработувања на жената“, финансиран од Европска Унија

2017-02-21

Креирање на можности за нови вработувања на жената“, финансиран од Европска Унија

Почитувани,

Дозволете ми да го поздравам Вашето присуство на денешниот состанок, кој се организира во рамките на проектот „Креирање на можности за нови вработувања на жената“, финансиран од Европската Унија. Целта на состанокот е да се претстават целите на проектот, врз основа на кои ќе се имплементираат активности во текот на годината преку Црвениот крст на град Скопје, во партнерство со Здружението Хуманост и Австрискиот црвен крст. Проектот претставува придонес кон реализација на националните стратегии за вработување и стратегијата за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост во Република Македонија,  и е потврда за развој на социјални програми за поддршка на ранливите целни групи во насока на подобрување на нивната конкурентност на пазарот на трудот.

Преку овој проект ќе се зголеми интеграцијата на долгорочно невработените жени(40) над 40 годишна возраст на пазарот на трудот. Со  проектот ќе се придонесе да се развие и верификува програма за обука за негуватели за грижа на стари лица во домашни услови, како и да се развијат знаења и вештини на долгорочно невработени жени за обезбедување на  мобилни социјални услуги за стари лица во нивите домови.

Црвениот крст на Република Македонија од 2011 година со поддршка на Австрискиот Црвен крст, како и поддршка од бизнис секторот развива  социјални и здравствени услуги за старите лица во нивните домови испорачани од страна на мобилни тимови од волонтери на Црвениот крст. 

Со поддршка на Министерството за труд и социјална политика и Градот Скопје, како и со подршка на корпоративниот сектор, во Црвениот крст на град Скопје функционира Дневен центар за стари лица и центар за давање услуги во домашни услови.

Министерството за труд и социјална политика, согласно „Националната стратегија за стари лица 2010-2020“, го подржува развојот на овие вонинституционални форми за заштита на стари лица, во кои центри покрај ангажираните кадри, согласно стандардите постојат можности за вработување и на негуватели за унапредување на социјалните услуги на старите лица во нивните домови. Во моментот во Македонија „Хуманост“ се единствени кои имплементираат  верификувана програма за едукација на негователи  за грижа на стари лица. И покрај услугите кои се нудат од ова здружение сепак  тие се недоволни да ги задоволат барањата на голем број стари лица кои имаат потреба од таков вид на социјални услуги во домот. Постои потреба од натамошно развивање и проширување на програмите за обука за негователи за обезбедување на  таков вид на услуги во Скопје, но исто така и  во останатите општини во внатершноста на земјата. Согледувајќи ја оваа состојба Црвениот крст на РМ со овој проект ќе овозможи да се зајакнат капацитетите на догорочно  невработени жени, кои се една од најранливите категории, да се стекнат со вештини и знаења за  испорака на  нови социјални услуги за старите лица. Тие ќе се здобијат со сертификат  со што ќе ја зголемат својата конкурентност на пазарот на трудот.

Преку обезбедување на пилот услуги за стари лица во домашни услови (80),  обучените негователки  ќе развијат вештини за зголемена одржливост за вработување, како и ќе се развијат наменски услуги за стари и изнемоштени лица во домашни услови кои се од суштинско значење за развој на формите за вонинститционализација на социјалните услуги за подобрување на квалитетот на животот на старите лица.

Исто така од големо значење за проектот е партнерството и со Австрискиот Црвен крст кој има долгогодишно искуство во спроведување на програмата за грижа и нега на стари лица во домашни услови.

Од исклучително значење е соработката и поддршка во имплементација на проектот од страна на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука, Центарот за образование на возрасни, Агенцијата за вработување на РМ и Центарот за вработување на град Скопје, Геронтолошкиот завод „13 Ноември“. Преку вклученоста на сите релевантни чинители во спроведување на проектните активности ќе се овозможи да се даде  заеднички придонес за одговор  на два големи предизвици во Македонија: за вработување на лицата со најслаба позиција на пазарот на труд, како и развој на нови мобилни услуги за социјална помош и грижа за ранливите групи.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025