Почитувани дами и господа,
Денес на Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, го препознаваме придонесот и постигнувањата на милиони волонтери и вработени низ целиот свет кои ја задржуваат нашата посветеност кон човештвото секој ден.
Низ Европа и светот, кризите се повеќе се сложени а хуманитарните потреби се огромни. Новата динамика за време на природна катастрофа, движење на населението и нестабилната политичка состојба, значи дека работата на нашите волонтери и вработени во Црвениот крст и Црвена полумесечина е поважна од кога и да е.
Oд Сирија до Сомалија од Непал до Нигерија, гледаме колку само се храбри нашите колеги, честопати ставајќи ги своите животи во опасност да им помагаат на луѓето на кои им е потребна помош, а понекогаш и го жртвуваат сопствениот живот во линиите на нивните хуманитарни должности.
Низ светoт, волонтерите се секаде за секого и ги обезбедуваат основните хуманитарни потреби за најранливите. Горди и благодарни сме за нивната работа, за тоа што го менуваат животот за работата, дури и под најопасните и тешки околности, и за промените што ги прават низ целиот свет.
Oд чекорите на нашиот основач Анри Динан, историјата на Меѓународното Движење на Црвен крст и Црвена полумесечина е создадена врз принципот на партнерство. Тешките хуманитарни ситуации и прашања со кои се соочува нашиот свет не можат да бидат решени само од Организации. Tие треба и ќе бидат решени и од луѓе кои ги здружуваат силите, и се поттикнати од страста за да ги олеснуваат човечките страдања. Во местата каде има сиромаштија, конфликти и катастрофи, сите ние сме спремни да пружиме помош, да се прилагодуваме, да изнаоѓаме креативни и иновативни начини, и да ги достигнеме луѓето што имаат потреба и да им помогнеме во пресрет на сите овие предизвици.
Нашите волонтери и вработени користат решенија за да ги задоволат потребите на ранливите луѓе, кој и да се тие, каде и да се, и што и да им е потребно. Нашите волонтери навистина се втемелени во локалната заедница – тие живеат таму, таму работат, ја разбираат културата, јазикот и потребите, и се најдобри во развијање на решенија, секако со целосната поддршка од Црвен крст.
Дозволете ми на овој посебен ден да Ви го честитам 8 Maj – Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина и од 8-15 мај Неделата на Црвениот крст на Република Македонија и длабоко да им се заблагодарувам на сите вработени и волонтери за дадениот придонес во развојот на оваа хуманитарна светска организација.
Ви благодарам.