Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
80 ГОДИШНИНА ОД ФОРМИРАЊЕТО  НА ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

2025-02-17

80 ГОДИШНИНА ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

80 ГОДИШНИНА ОД ФОРМИРАЊЕТО

НА ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

 

Годинава, Црвениот крст на РСМ ја одбележува 80 годишнината од постоењето на нашата организација. Горди сме на нашите постигнувања, и секогаш подготвени да се справиме со новите предизвици кои значат обезбедување хуманитарна поддршка за луѓето кои се изложени на ризици и кризни состојби. Учиме од минатото и постигнувањата на плејадата волонтери и вработени кои низ текот на 80 години од нашето постоење континуирано даваа придонес за развојот на нашата организација и подобрување на животот на ранливото население во земјава и во светски рамки.

По повод 80-годишнината од своето формирање, Црвениот крст на РСМ ќе организира низа активности за одбележување на јубилејот за подигање на свеста за значењето на Црвениот крст во национални рамки како организација која е неуморен хуманитарен двигател за позитивни промени во општеството и постојан поборник за заштита на достоинството и добросостојбата на граѓаните на нашата земја. Покровител на одбележувањето на 80-годишниот јубилеј е Претседателот на Република Северна Македонија, г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова. На 18 март ќе се одржи свечена академија и пригодна изложба во Македонскиот Народен Театар на кој ќе присуствуваат повеќе меѓународни и домашни гости.

Големиот јубилеј ќе биде одбележан и со низа активности на локално и национално ниво како што се организирање на пригодни настани со преставници на сите локални самоуправи ширум државата и панел дискусии на сите универзитети во земјата на кои ќе стане збор за улогата и местото на Црвениот крст во општествени рамки и придонесот и учеството на сите општествени чинители во градење на силни локални заедници и моделирање на нови иницијативи и активности за обезбедување на комплементарен придонес во справување со најразлични предизвици во хуманитарната сфера.

Во текот на годината ќе бидат организирани и други настани во општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје под мотото “Ние гледаме луѓе” апострофирајќи ја основната заложба на нашата организација, да се грижиме за луѓето и да го штитиме човековото достоинство.

Ве покануваме да бидете дел од одбележувањето на нашиот осумдецениски јубилеј бидејќи нашите универзални вредности и приниципи отсекогаш се потпирале на придонесот и поддршката на нашите волонтери и поддржувачи кои се нашиот мост до крајните корисници на кои им е потребна нашата поддршка.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025