декември 14, 2018

Црвен крст добитник – најдобар сајт за невладини организации за 2018

На 13 декември 2018 година во EУ инфо центарот во организација на дигиталната маркетинг агенција Media Solutions беа доделени наградите Сајт на годината за 2018 година.

Манифестацијата се одржува по деветти пат каде Сајт на годината прерасна во престижна манифестација, која има за цел да ги истакне и награди најдобрите сајтови во изминатата година во повеќе категории, и да го вреднува трудот на големиот број млади и талентирани автори од повеќе области кои работат во веб издаваштвото.

Карактеристично за овој натпревар е тоа што македонските интернет посетители ги номинираат и гласаат за своите омилени сајтови на сајтот на манифестацијата.

Оваа година своите гласови ги дадоа десет илјади интернет посетители од Македонија, и за победник во категоријата невладини организации го избраа сајтот на Црвениот крст на Република Македонија www.ckrm.org.mk

 

< врати се назад