Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Црвен крст на терен

2021-08-05

Црвен крст на терен

Тимот на Црвениот крст на Република Северна Македонија составен од 6 лица за логистика и проценка заедно со Тимот за одговор при катастрофи на ООЦК Велес составен од 4 лица, во вечерните часови доставија 1400 шишиња од 0,5 литри до ООЦК Берово  за поддршка на институциите и граѓаните ангажирани за гаснење на пожарот на територија на општините Пехчево и Делчево.

Тимот направи и теренска посета и проценка на состојбата во околина на селото Умлена со цел понатамошна координација на активностите на тимовите на Црвениот крст.

Во текот на утрешниот ден тимовите на ООЦК Штип, Кочани, Делчево и тим на ЦКРСМ ќе бидат во логистичка поддршка на институциите и граѓаните ангажирани за гаснење на пожарот.