Црвениот крст на Република Македонија организираше панел-дискусија во областа на безбедноста на вода, обезбедување на водните површини и подобрување на нормативните акти во Република Македонија
Црвениот крст на Република Македонија во соработка со Бугарски Црвен крст имплементира заеднички проект „Зголемување на капацитетите на Црвен крст на Република Македонија во организација на работата во областа на безбедноста на вода, обезбедување на водните површини и подобрување на нормативните акти во Република Македонија”, кој финансиски е подржан од Министерството за надворешни работи на Република Бугарија.Како финален дел од проектот, Црвениот крст на Република Македонија на 25.11.2014 година (вторник) од 12:00 во просториите на Скопски саем-сала дипломатик организираше Панел – дискусија за безбедноста и спасувањето на вода во Република Македонија.
Панел – дискусијата за безбедност и спасување на вода во Република Македонија ја отвори Генералниот секретар на Црвениот крст д-р Саит Саити.
На самиот настан учество земаат претставници од Минстерство за транспорт и врски, Министерство за внатрешни работи,претставник од Бугарската амбасада,ЦУК,Дирекција за заштита и спасување, Општина Охрид,Струга,Велес, Бугарски Црвен крст и претставници од други институции.