април 8, 2022
ДАЛИ ЌЕ СЕ ТЕТОВИРАШ ИЛИ ВАКЦИНИРАШ, ОДЛУКАТА Е ТВОЈА. ВАЖНО Е ДА СЕ ИНФОРМИРАШ!
Со поддршка на Швајцарски Црвен крст подготвивме видео за млади за правилно информирање за процесот на вакцинација и превенција од Ковид-19.
Во процесот на изработка на видеото учествуваа десетина млади луѓе кои го споделија своето искуство и начините на кои се справуваа со пандемијата Ковид-19.
Младите како и секогаш знаат и можат да бидат позитивни примери.