јули 6, 2022

Претставување на процесот „Трансформација 28“ пред Претседателот на РСМ г-дин Стево Пендаровски

На 06.07.2022 година за време на одржување на редовна седница на Раководниот одбор на Црвен крст на РСМ, во посета беше и Претседателот на Република Северна Македонија г-дин Стево Пендаровски. На седницата беше претставен текот на имплементацијата на консултативната фаза за процесот  „Трансформација 28“.

Од страна на Претседателот Пендаровски беше искажана силна поддршка за спроведувањето на процесот за идентификување на развојни можности на Црвениот крст на РСМ за претстојниот петгодишен период, како и иницијатива за поддршка при промоцијата на документот. Истакнат беше досегашниот допринос на организацијата во севкупните напори на државните институции во соочување со хуманитарните предизвици на денешницата, подготвеност за проширување на соработката со Црвениот крст и очекување на дополнителни иницијативи и амбиции.

< врати се назад