Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Добредојде на новите предавачи и демонстратори по прва помош

2019-06-11

Добредојде на новите предавачи и демонстратори по прва помош

Во период од 08-09 јуни во просториите на Црвен крст на Република Македонија беше одржана обука по прва помош за нови предавачи и демонстратори за наставната програма за оспособување на кандидати за возачи на моторни возила за укажување на прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода. Продолжуваме да ги зајакнуваме капацитетите на Националното друштво преку надоградба на знаењата и практичните вештини за оваа животоспасувачка вештина. Им посакуваме топло добредојде на новите 15 предавачи и 16 демонстратори.

 Со успех!