Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Договори

2013-07-02

Договори

БИЛАТЕРАЛНА СОРАБОТКА
Потпишани договори за соработка
 

Црвениот крст на Република Македонија има потпишано протоколи за билатерална соработка со повеќе национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина кои ја уредуваат програмската соработка на националните друштва на национално и општинско ниво.

со Бугарски Црвен крст Протокол за соработка потпишан на 16.09.1994
со Турска Црвена полумесечина Протокол за соработка потпишан на 30.08.1995
со Романски црвен крст Протокол за соработка потпишан на 25.09.1995
со Германски црвен крст Протокол за соработка потпишан на 02.07.1996
со Шпански Црвен крст Протокол за соработка потпишан на 20.03.1997
со Шведски Црвен крст Протокол за соработка потпишан на 20.03.1997
со Албански Црвен крст Протокол за соработка потпишан на 28.03.1998
со Црвен крст на БиХ Протокол за соработка потпишан на 24.10.2002
со Црвен крст на Србија Протокол за соработка потпишан на 16.01.2007
со Црвен крст на Црна Гора Протокол за соработка потпишан на 11.05.2007
со Црвен крст на Бугарија Протокол за соработка обновен на 30.05.2007
со Турска Црвена полумесечина Протокол за соработка обновен на 28.05.2008
со Турска Црвена полумесечина Протокол за соработка обновен на 08.04.2010

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025