Форум за доброволно крводарителство
Од 21-22 јуни во хотел Сириус, Струмица се одржува Форум за доброволно крводарителство “Безбедна крв за сите” на кој присуствуваа министерот за здравство доц. Д-р Венко Филипче, генералниот секретар на Црвен крст д-р Саит Саити, претседателот проф. д-р Ромел Велев, претставници од ИТМ, голем број на крводарители, мотиватори и претставници на ООЦК.
На отворањето на Форумот се обрати министерот за здравство доц. Д-р Венко Филипче кој потенцираше дека допревме повеќе теми-како да ја унапредиме нашата соработка со Црвениот крст, но не само во сферата на крводарителството, туку и во сферата на пружањето на итната помош, патронажните сервиси и сервисите во домовите.
Исто така се обрати и Претседателот на Црвениот крст на Република Македонија, Ромел Велев кој ја истакана континуираната соработка со министерството за здравство. Потребите за крв се секојдневни и ние со нашите 18 илјади крводарители ги реализираме потребните 55 илјади крвни единици на годишно ниво.