Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Одбележување на Недела на хигиенизација (08-15 април 2025 година)

2025-04-08

Одбележување на Недела на хигиенизација (08-15 април 2025 година)

Црвениот крст на Република Северна Македонија, во периодот од 08 до 15 април 2025 година согласно календарот на традиционални активности, ќе ja одбележи Неделата на хигиенизација, под мотото “ Хигиената – лична обврска за колективно здравје”.

Промоцијата на хигиената е основен дел од активностите за вода и санитација на Меѓународната федерација на друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина. Целта е да се зголемува свеста за јавното здравје и превенција на  болести поврзани со лошите хигиенски практики. Податоците на Светската здравствена организација покажуваат дека 1,7 милиони смртни случаи годишно се припишуваат на небезбедна вода, санитација и хигиена. 

Со цел заеднички да придонесеме во подигање на јавната свест за важноста од правилна и редовна хигиена кај младата популација, општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје ќе споделуваат објави на социјалните мрежи и ќе организираат едукативни работилници и предавања за промоција на хигиена на деца и наставници од градинки и основни училишта.