Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Посета од делегација на Австрискиот Црвен крст

2025-04-01

Посета од делегација на Австрискиот Црвен крст

Во периодот 26-27.03.2025 година Црвениот крст на РСМ беше посетен од страна на делегација на Австрискиот Црвен крст во состав Michael Opriesnig – Генерален секретар, Walter Hajek- Одговорно лице за меѓународна соработка, Katarina Baničević – Тим лидер за активности во југоисточна Европа и Јужен Кавказ, и Christian Diemt, Советник за здравство и проектен менаџер. За време на посетата се оствари средба со Генералниот секретар на Црвен крст на РСМ д-р Саит Саити, вработените од Централната канцеларија на ЦКРСМ, средба со амбасадорот на Австрија во РСМ г-дин Мартин Памер, и средба со г-дин Harold Fugger, специјален претставник на Австриското министерство за социјални прашања, здравство и заштита на корисници. Делегацијата за време на посетата ги посети Центарот за ментално здравје и психолошка поддршка, „Нега Центар“, пунктот за бездомници и логистичкиот центар на ЦКРСМ при што се дискутираше за можности за продлабочување на билатералната соработка помеѓу двете национални друштва.