
2025-04-10
Спроведенa освежителнa обука за предавачи и демонстратори по прва помош
Црвениот крст на Република Северна Македонија на 09.04.2025 година спроведе освежителна обука за предавачи и демонстратори на курсевите по прва помош за возачи и работни организации. На обуката зедоа учество вкупно 12 едукатори од 7 ООЦК и Црвен крст на град Скопје.
Со овие обуки Црвениот крст на РСМ има за цел да ги освежи знаењата на предавачите и демонстраторите по прва помош и истовремено да ги запознае со сите новини и актуелности од областа на првата помош во периодот од последните три години.