ГО ПРОШИРУВАМЕ НАШИОТ ТИМ!
Црвен крст на Република Северна Македонија е хуманитарна организација која работи на спречување и ублажување на човековото страдање, заштита на животот и здравјето, унапредување на социјалната состојба, обезбедувајќи почит и достоинство за човековото битие, а особено во случај на несреќи и катастрофи, го промовира меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности, поттикнува доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош, како и универзално чувство за солидарност и хуманост.
Централната канцеларија на Црвениот крст на Република Северна Македонија има стручна служба која брои повеќе од 25 вработени кои работат на обезбедување на поддршка, координација и мониторинг на работата на општинските организации.
Назив на работното место: Самостоен стручен соработник за правни и советодавни работи
Локација: Црвен крст на Република Северна Македонија
Адреса: Бул. Кочо Рацин бр.13, Скопје
Потребни квалификации:
- Универзитетска диплома за завршен правен факултет
- Активно познавање на англиски јазик
- Познавање на работа со компјутер MS Office (Word, Excel, Powerpoint), интернет и мејл апликации
- Работно искуство најмалку три години
Други професионални квалификации, способности и вештини:
- Комуникативна и позитивна личност
- Организациски и аналитички способности
- Способност за презентација и адаптација на работните услови
- Критичко размислување
- Тимски работник
- Мотивиран за работа
- Иновативен и креативен
- Познавање на развојните стратегии и политики во областа
- Чувство за мултикултурализам и недискриминација
Опис на работното место
Работни цели: Креирање на политики и програми и спроведување на нормативни акти во функција на организациска поддршка на управната и раководната структура
Работни должности:
– Подготвува нормативни акти во функција на организацијата
– дава предлози и врши стручни анализи за прашања кои се од значење за примената на законодавството за Организацијата;
– се грижи за почитување и толкување на одредбите од Законот и Статутот на Црвениот крст на Македонија и интерните акти на ЦКРСМ;
– подготвува акти за потребите на Собрание и Раководен одбор на ЦКРСМ и се грижи за нивно доследно почитување;
– ги организира седниците на Собрание и Раководен одбор на ЦКРСМ;
– ги следи позитивните законски прописи кои се од интерес за организацијата и ги информира ООЦК и ЦКГС;
– дава поддршка и ја следи примената на донесените интерни акти на ЦКРСМ и ги доставува до ЦКГС и ООЦК;
– води грижи за имплементација на политики за безбедност и здравје при работа во соработка со лицето одговорно за човечки ресурси;
– организира обуки и советување на ООЦК и ЦКГС за дисминирање на нормативни акти;
– дава правни совети за работењето на Службата за барање;
– подготвува работни материјали за состаноци на комисии;
– дава стручна помош и совети и соработува во остварувањето на останатите надлежности од својот делокруг за имплементација на донесените одлуки и заклучоци;
– предлага план за застапување и учествува во неговата изработка;
– го информира раководителот за сработените активности усно или писмено;
– ги советува од правен аспект Генералниот Секретар, Претстедателот и Раководниот одбор во врска со донесувањето на одлуки, заклучоци и други интерни акти;
– се грижи за заштита на лични податоци
– редовно ги следи промените во законската регулатива, стратегиите и политиките на надлежните Министерства и Владата;
Нето плата: 34.850,00 денари
Можност за напредок во кариерата и дополнителни бенефиции.
Инструкции како да се аплицирате :
Испратете ваша кратка биографија и мотивациско писмо (ЗОШТО да Ве викнеме токму Вас на интервју) на е-маил: stolevska@redcross.org.mk . Селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју во рок од 10 дена.
Огласот трае до 17.11.2022 година.
Ве очекуваме.