Грижа за себе
На 11.02.2021 се оддржа четвртата ЦКА-ПХВ онлајн работилница со наслов „Грижа за себе“. Истата беше реализирана од страна на лиценциран психолог, гешталт психотерапевт и догогодишен ПХВ инструктор Ивана Маринчек. На работилницата учествуваа 138 учесници, волонтери од различни ООЦК. Од учесниците кои ја пополнија евалуација во форма на анкета преку која ја евалуираа работилницата 93% се изјаснија дека работилницата е многу корисна, 82% дека е многу интерактивна, и 91% се изјаснија дека работилницата е интересна. Сите, односно 100% би ја препорачале работилницата на своите врсници.
Некои од коментарите се: Оваа работилница ме поттикна да размислам што сакам да правам за себе; да помислам малку и на себе, не само на другите; една од најубавите работилници до сега на која сум присуствувал; ми се допадна интеракцијата со слушателите; со секоја наредна работилница сватив дека воопшто не погрешив што сум дел од ова.
Веќе следниот четврток продолжуваме со новата тема “Комуникација и јавно говорење, презентации-техники и совети”. Во текот на 2021 година ќе бидат одджани 40 работилници кои имаат за цел зајакнување на капацитетите на младите во редовите на Црвениот крст.