август 5, 2015

Хуманитарна помош од Австрискиот Црвен крст

Црвениот крст на Република Македонија како резултат на долгогодишната плодна соработка со Австрискиот Црвен крст обезбеди хуманитарна помош која се состои од болнички кревети, душеци, наткасни и др. во вкупна вредност од 14.500 евра. Помошта е донација на Австрискиот Црвен крст, општинска организација на Црвен крст Штаер, Австрија.

da2

По повод приемот на донацијата денес пред магацинските простории на Црвениот крст во Момин Поток, изјави за средствата за јавно информирање дадоа Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија г-дин Саит Саити и Заменик министерот за здравство   г-дин Јовица Андовски, при што беше искажана голема благодарност на Австрискиот Црвен крст за обезбедената хуманитарна помош. Помошта ќе биде дистрибуирана на здравствени институции во Скопје и Медицинскиот центар во Тетово.

Од страна на претставникот на Австрискиот Црвен крст г-дин Robert Schmit, беше искажано задоволство од досегашната соработка со Црвениот крст на РМ, како и подготвеноста на Австрискиот црвен крст за натамошна соработка и поддршка.

da

< врати се назад