Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Историјат на движењето

2013-06-24

Историјат на движењето

Henry_Dunant-young

Идејата за хуманост се родила во 1859 год. од страна на швајцарскиот трговец Анри Динан, кој бил сведок на ужасите од битката кај Солферино, Италија. Тој со четворица угледни пријатели, во Женева, Швајцарија формирал Меѓународен Комитет на Црвен крст и го регистрирал со заштитен знак Црвен крст на бело поле (обратно од обележјата на државното знаме на Швајцарија). Тогаш била донесена Конвенција од 10 члена и била прокламирана мисијата на движењето:

Мисија на Движењето:

„Да го спречи и ублажи човековото страдање каде да е, да го заштити животот и здравјето, да обезбеди почит и достоинство за човековото битие, особено во време на вооружени конфликти, несреќи и катастрофи, да работи на превенција на болестите и унапредување на здравствената и социјалната добросостојба на луѓето, да поттикне доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош како и универзално чувство за солидарност и хуманост.“

Денес меѓународното движење на Црвен крст го сочинуваат три сегменти:

 

 

red_cross

1. Меѓународен Комитет на Црвен крст е со основни задачи:

  • Помош на жртвите во вооружени судири;
  • Евакуација и медицинска помош.

 

International_Red_Cross

2. Меѓународна Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина формирана во 1919 година од повеќе Национални друштва со основни задачи:

  • Помош на жртвите во катастрофи;
  • Грижа за бегалците во други земји;
  • Помош на Националните друштва во исполнување на програмските активности во случај на катастрофа;
  • Координација на активностите помеѓу Националните Друштва.

 

crven-krst-logo

3. Национални друштва – Црвен Крст на Република Македонија со основни задачи наведени во членот 19 од Законот за Црвен крст на РМ.

  • Црвен Крст на РМ е формиран 17 Март 1945 година, а како самостојно друштво делува од 21 Мај 1992 година;
  • Црвен Крст на РМ од Меѓународниот Комитет на Црвен крст епризнат на 01 Ноември 1995 година, а во Меѓународната федераци ја на Црвениот крст и Црвената полумесечина е примен во 27 Ноември 1995 година како 169 членка;
  • Помош на Националните друштва во исполнување на програмските активности во случај на катастрофа;
  • Координација на активностите помеѓу Националните Друштва.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025