Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Итно Копче

2024-11-14

Итно Копче

Итно копче

Итно копче е услуга која е достапна 24/7, каде со едно притискање на копче од страна на корисникот, стапува во комуникација со телефонски оператор. По воспостваување на телефонски контакт со операторот, корисникот споделува информации какви тегоби има, а обученото лице/оператор му дава понатамошни насоки. Доколку има потреба, се оди на терен кај корисникот, се дава прва помош или се обезбедува транспoрт до соодветна установа/институција, а доколку е животозагрозувачка состојба, се повикува Итната медицинска помош.

Корисници на услугата

Итно копче е иновативна услуга и е  наменета за луѓе над 65 години од Скопје кои живеат сами, корисници на услугата „Помош и нега во домот“ и други изнемоштени лица кои живеат сами, корисници на услугата „Дневен центар за стари лица“.

Услугата Итно копче на корисниците им нуди:

  • 24/7 поддршка секогаш кога ќе се најде во состојба за која е потребна итност
  • Обучени и пријателски лица кои се грижат за вашата добросостојба
  • Прва помош и прва психолошка помош
  • Бесплатно одржување на уредот во случај на технички дефект
  • Дневна техничка поддршка на аларм – уредите
  • Трансопрт до соодветна здравствена установа со посебни возила

Контакт

Лицата кои се заинтересирани за услугата Итно копче може да се јават на телефонскиот број 15 330 во Контакт центарот, или на skopje.itnokopce@redcross.org.mk

Цена

1190 МКД/ месечно

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025