септември 14, 2022

Изградба на нов објект на Општинска организација на Црвен крст Кавадарци

Денес започна изградбата на новиот објект на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Кавадарци на местото на опожарениот и до темел изгорен објект во месец мај оваа година.

Настанот беше обележан во присуство на Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија д-р Саит Саити, градоначалниците на општина Кавадарци г-дин Митко Јанчев и општина Росоман г-дин Стојан Николов, претседателот на Општинска организација на Црвен крст Кавадарци г-дин Димитар Каракулев, како и преставници од локални институции, од подрачните министерства, бизнис секторот, членови и волонтери на Црвениот крст и медиумите.

 

< врати се назад