Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Клуб на дисеминатори по МХП при Црвен крст на РМ

2019-02-19

Клуб на дисеминатори по МХП при Црвен крст на РМ

На 19.02.2019 година, Црвен крст на Република Македонија формираше Клуб на дисеминатори по Меѓународно хуманитарно право (МХП). Клубот го сочинуваат повикани и компетенти универзитетски професори и стручни лица по МХП.
Целта за вклучување во новата иницијатива на Црвен крст на Република Македонија е за активен и компетентен пристап за дисеминирање, промоција и имплементација на хуманите правила и принципи на Меѓународното хуманитарно право, односно женевското и хашкото право или, четирите Женевски конвенции од 1949 година, Дополнителните протоколи I и II од 1977 година и III од 2005 година на истите и други меѓународни конвенции поврзани со средства, начин, методи и ранливи категории на жртви во вооружените меѓународни и не меѓународни судири и конфликти и предизвикани несреќи и катастрофи.
Клубот има задача да спроведува активности со цел за дисеминација и имплементација на МХП во нашата држава, кај населението, ранливи групи, млади, жени, деца, пензионери и особено персоналот во областите на одбраната, безбедноста, вооружените сили, здравствен и социјален сектор, образование во училишта, факултети и академии, новинари, извршна власт, локална власт, законодавство, правосудство, покрај формираното Националниот комитет за имплементација на МХП со седиште во ЦКРМ, има неминовна потреба од формирање и функција на оперативно тело со клубска структура и статус за плански и континуиран пристап за дисеминација, едукација и имплементација на МХП.

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2024