Континуирано зајакнување на капацитетите на организацијата – учество на меѓународнa обука за логистика
Во периодот од 02-06.10.2023 година претставници на Црвен крст на Република Северна Македонија, во Сараево , Босна и Херцеговина учествуваа на обука за логистика, организирана од страна на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.
Главна цел на програмата за обука за логистика беше да ги обучи учесниците со сеопфатни знаење и практични вештини во различни области на логистичкото работење.Обуката беше фокусирана на подобрување на разбирањето на учесниците за логистичките принципи, стратегии и процедури за да се овозможи ефективен и ефикасен одговор на хуманитарните активности и операции. Исто така , обуката овозможи да се зајакнат логистички способности и капацитети, да се усогласат плановите за имплементација со постоечките иницијативи и потреби и да се подобрат севкупни логистички процедури.