Конвенција по прва помош во Битола
Во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија, во соработка со општинската организација на Црвен крст Битола и општина Битола, на 17.09.2022 година во Битола се одржа Конвенција по прва помош на која учествуваа општинските организации на Црвениот крст од целата држава.
На настанот кој се реализираше по повод Светскиот ден по прва помош, беа промовирани културата и традицијата на општините учесници во активностите, а беа претставени и показни и симулациски вежби по прва помош на 14 локации, од Саат кулата до Офицерскиот дом.
Граѓаните имаа можност да се едуцираат за прва помош при спасување на живот, белодробно оживување, прва помош на скршеници, помош при епилептични напади.
Присутните гости, волонтери и градоначалници од другите општини, ги поздрави Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија Саит Саити, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и Претседателот на Општинската организација на Црвен крст Битола Лилјана Ристевска.