Меѓународната вежба за пребарување и спасување од урнатини “Земјотрес Скопје”
На 16.05.2023 година на локација СРЦ Сарај во организација на ДЗС во соработка со Амбасадата на Р. Грција, се одржа меѓународната вежба за пребарување и спасување од урнатини “Земјотрес Скопје” по повод одбележувањето на 60 годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје.
На вежбата учествуваа тимови за пребарување и спасување од урнатини од Солун, Р. Грција, ДЗС (припадници од Скопје, Тетово, Струмица, Крива Паланка), ТППБ на град Скопје и тим од Црвен крст на Република Северна Македонија
Вежбата ја следеа Н.Е. г-ѓа Софија Филипиду, Амбасадорка на Р. Грција, во придружба на нејзиниот тим, г-ѓа Данела Арсовска, градоначалничка на град Скопје, претставници од УНДП, од Амбасадата на Р. Бугарија, од општина Сарај, и др., а во име на ДЗС, домаќин на настанот беше г-дин Зулфиќар Зејнулаи, Заменик директор на Дирекцијата за заштита и спасување.