ноември 1, 2022

Ноември – Месец на борба против болести на зависности

Месец ноември согласно каледарот на традиционални активности на Црвен крст на Република Северна Македонија е посветен на борба против болести на зависности (дрога, алкохол и цигари). Оваа година фокусот за одбележување на месецот ќе биде на младата популација на возраст од 14 до 19 години. Месецот го одбележуваме под мотото „Информирај се и донеси одлука!“.

За таа цел Општинските организации на Црвен крст ќе организираат врснички едукации наменети за средношколската популација на територија на Република Северна Македонија.

Во последната недела од месецот ќе организираме панел дискусија за млади на која ќе поканиме експерти кои ќе дадат свое излагање за штетните последици од зависностите како и насоки за превенција од истите (државни институции како што се секторите за внатрешни работи, центри за социјална работа, здравствени установи и/или организации кои се занимаваат со наведеата проблематика).

 

< врати се назад