Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Ноември – Месец на борба против болести на зависности

2024-10-16

Ноември – Месец на борба против болести на зависности

Месец ноември согласно каледарот на традиционални активности на Црвен крст на Република Северна Македонија е посветен на борба против болести на зависности (дрога, алкохол и цигари). Оваа година фокусот за одбележување на месецот ќе биде на младата популација на возраст од 12 до 19 години. Месецот го одбележуваме под мотото „Едуцирај се и донеси одлука!“.

За таа цел Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје ќе организираат  врснички едукации наменети за младите од основни и средни училишта на територија на Република Северна Македонија и ќе споделуваат едукативни информации на социјалните медиуми.

Во текот на месецот ќе организираме и панел дискусии за млади на која ќе поканиме експерти кои се занимаваат со наведената проблематика (центри за социјална работа, здравствени установи и/или организации), кои ќе дадат свое излагање за штетните последици од зависностите како и насоки за превенција од истите.

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025