Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Обезбедување на традиционалниот празник  Богојавление Водици 2018

2018-01-22

Обезбедување на традиционалниот празник Богојавление Водици 2018

Традиционално Црвениот крст и ова година се вклучи давање поддршка во организација на верскиот настан Богојавление Водици.

Главната церемонија ова година  се оддржа на мостот Слобода  на која  учество зедоа околу 160 верници. Имајќи предвид ниските температури  и непредвидливото  ниво на вода на реката Вардар ова година беше предизвик  за успешно и безбедно одвивање на настанот како за екипите на Црвениот крст така и за другите чинители.

Црвениот крст ова година учествуваше со 55 волонтери и вработени на Црвен крст на град Скопје. Од страна на нашите екипи беа покриени сите критични точки кои претходните години беа евидентирани. За безбедноста на учесниците во вода беа задолжени екипи на Центарот за безбедност на вода  кои заедно со Тимот за спасување на планина  поставија систем јажиња и спасителен чамец со спасители во неопрени кои беа подготвени да вадат потенцијални давеници од ладните води на  Вардар.

Екипите на Тимот за одговор при катастрофи  дадоа логистичка и медицинска поддршка на настанот преку поставување на тријажи центри  и поддршка на спасителите од брег. Земајќи  ги во предвид сите чинители  настанот помина во најдобар ред. Медицинските екипи имаат интервенирано кај 7 учесници.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025