Обука на врснички едукатори за превенција од трговија со луѓе
На ден 09,04,2014 година во просториите на Црвен крст на Република Македонија се одржа обука за вкупно 19 врснички едукатори за превенција од трговија со луѓе од Скопје, Кавадарци, Охрид, Струга, Дебар и Струмица. Обуката ја одржа претставник од Германска организација за меѓународна соработка ГИЗ во рамките на регионалната програма „Социјална заштита и превенција на трговија со луѓе“ и алатката „Разоткриено слепило“ која се спроведува во Србија, Косово, Македонија и Босна и Херцеговина. Врсничките едукатори се стекнаа со нови знаења и вештини за спроведување на едукации со комбинирање на техники од видео проекции, пантомима и интерактивна дискусија. Обуката беше поддржана од страна и на Министерството за труд и социјална политика.